Борусија Д. ангажираше норвешки бек, на ред е шведското крило од Јунајтед

Борусија Дортмунд потпиша договор со норвешкиот десен бек Јулијан Ријерсон. Овој играч доаѓа од Унион Берлин, а за неговите услуги „милионерите“ платија 5 милиони евра. Тој ќе ја засили конкуренцијата на десната страна, со оглед дека Томас Мение е повреден, и не е познато колку време ќе отсуствува од терените. Ријерсон потпиша договор до 2026 година.

Тоа е првото ново име на „милионерите“ во овој преоден рок, и се очекува да дебитира уште на натпреварот со Аугзбург во недела.

Освен него, во следните часови треба да пристигне на позјмица и крилото на Манчестер Јунајтед, Антони Еланга. 20-годишниот Швеѓанец роден во Малме, ги мина младинските категории на Елфсборг, Малме и Манчестер Јунајтед, а со оглед дека Ерик Тен Хаг не смета на него, тој самиот побарал позајмица.

Наводно Еланга прифатил да оди во Борусија Дортмунд, сега останува само Манчестер Јунајтед да се согласи.

Се вчитува...