Борусија Д. ја одреди цената за Белингем, сака да заработи шест пати повеќе

Борусија Дортмунд ја одреди цената за играчот од средниот ред Џуд Белингем, за кого има интерес од Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Реал Мадрид.

„Милионерите“ решија дека ќе бараат 150 милиони евра за потенцијалните купувачи за 19-годишниот фудбалер од средниот ред.

Англичанецот има сезона од соништата. Во сите 19 натпревари постигна 9 гола и има 2 асистенции. Белингем дојде во Борусија од Бирмингем во 2020 година. Целиот трансфер чинеше 25 милиони евра, или шестпати помалку од сегашната одредена цена.

Се вчитува...