Борусија Дортмунд го „демолираше“ Фрајбург (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше убедлива победа од 4-1 против Фрајбург во првиот натпревар од 19. коло во Бундеслигата.

„Милионерите“ победата си ја обезбедија со перфектно одиграното прво полувреме низ кое се стекнаа со предност од 3-0.

Уште во првите 30 минути со двата гола на белгискиот интернационалец, Томас Муние, во 14. и во 29. минута, Борусија дојде до предност од 2-0.

Пред полувремето, во првата минута од судиското продолжение погоди и Халанд за 3-0.

Во вториот дел гостите најпрво намалија на 3-1 преку Демировиќ, но потоа со головите на Халанд и Даху, тимот од Дортмунд заокружи на убедливи 5-1.

Се вчитува...