Борусија Дортмунд бара засилувања – ќе пазари од Челси и од Јунајтед

Борусија Дортмунд сака да ги засили своите редови во зимскиот преоден рок. Иако од таборот на „милионерите“ истакнуваат дека тимот нема да претрпи премногу измени, сепак, има информации дека „милионерите“ може добро да ги засилат своите редови. Во преден план е стопер, а тука се споменува името на Андреас Кристенсен од Челси. Кристенсен преговара за нов договор со „сините“, но засега од него нема ништо, па тоа може да го искористи Борусија и да го ангажира.

Исто така во Дортмунд може да дојде Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед. Холанѓанецот не добива шанса од англискиот тим, па се погласно се шпекулира дека би можел да си замине. Јунајтед сака да го испрати на позајмица, па во Дортмунд би му било идеална шанса повторно да ја врати старата форма.

Исто така Борусија е заинтересирана и за Денис Закарија од Борусија Менхендглабах. „Милионерите“ ја чекаат разврската со Ерлинг Халанд која треба да се случи до крајот на месецот, за потоа да бараат негова замена. Се споменува Душан Влаховиќ од Фиорентина како идеална замена за Норвежанецот кој е на мета на Реал Мадрид и Барселона.

Се вчитува...