Борусија Дортмунд го надигра Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Борусија Дортмунд забележаа победа од 3-2 над Манчестер Јунајтед на пријателски натпревар во подготовките за новата сезона.

Голеадата во Лас Вегас ја започна Далот со гол во 24. минута, но веќе до полувремето Германците успеаја да направат целосен пресврт со головите на Мален во 43. и 44. минута.

Ентони изедначи на 2-2 во 52. минута, а конечниот резултат го постави Мукоко кој во 71. минута ја затресе мрежата на асистенција на Ројс.

Се вчитува...