Борусија Дортмунд го враќа Терзиќ на клупата

Един Терзиќ е најсериозен кандидат да го замени Марко Розе на клупата на Борусија Дортмунд. Терзиќ веднаш бил повикан на разговор, откако Розе доби отказ од тимот на „милионерите“, а ова ќе му биде втор мандат на клупата на „жолто-црните“. Тој ја водеше екипата во финишот на минатата сезона, кога успеа да го однесе Дортмунд во Лигата на шампионите, и да го освои Купот на Германија.

Терзиќ имаше неколку понуди од германски клубови на почетокот на минатата сезона, но сите ги одби и стана дел од раководството на Борусија како скаут, но сега ќе добие шанса како прв тренер. Претходно беше помошник на Лусиен Фавре.

Тренерот кој има потекло од БИХ, е еден од омилените меѓу навивачите на Борусија, кои и лани бараа да му се даде шанса, но на крајот раководството се одлучи за Розе.

Се вчитува...