Борусија Дортмунд и без Халанд го „почести“ Менхенгладбах со „шестка“ (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд брзо се рехабилитираше од неуспехот во Лигата на Европа и поразот од Глазгов Ренџерс, нанесувајќи му убедлив пораз на Борусија Менхенгладбах со 6:0.

Како одминуваше времето, Дортмунд само ја полнеше мрежата на противникот, и покрај тоа што во првиот дел се соочи со хендикеп, па мораше да има две зaмeни поради повреди на Рејна и на Загаду.

Ројс во 26. минута донесе водство, а во 32. минута Мален го дуплираше.

Во 70. минута Волф постигна гол, а потоа во 74. минута стрелаше и Мукоко. Ројс постигна уште еден гол во 81. минута, за Емре Џан да ги постави конечните 6-0 во 90. минута.

Инаку Борусија Дортмунд настапи без Ерлинг Халанд кого го нема поради повреда, и затоа овој резултат е сосема неочекуван.

Се вчитува...