Борусија Дортмунд наскоро ќе го официјализира второто летно засилување

Откако пред неколку дена официјално го потврдија трансферот на Никлас Зиле, Борусија Дортмунд наскоро ќе го официјализира и второто име за летниот преоден рок.

Станува збор за играчот на Салцбург, Карим Адејеми кој наводно веќе имал договор со челниците на Дортмунд, и само прашање на време е кога ќе биде обелоденето дека ќе се пресели на „Сигнал Идуна Парк“.

Адејеми е германски репрезентативец кој го сврте вниманието кон себе по добрите партии во дресот на Салцбург. Игра како напаѓач, но може да биде и крилен напаѓач.

Покрај Адејеми, Борусија Дортмунд е во преговори и со Нусар Мазрауи од Ајакс, кој треба да пристигне меѓу „милионерите“ како слободен играч, со оглед дека договорот му истекува на крајот од сезоната.

Се вчитува...