Борусија Дортмунд размислува за тренерска смена

Борусија Дортмунд размислува за тренерска смена, после последните неуспеси на екипата, особено после вчерашниот пораз од Борусија Менхенгладбах со 4-2. Тимот во рок од три дена има два порази, и со тоа дојде до шест неуспеси во 15 натпревари во сезоната. Екипата е далеку од конкуренцијата за титулата.

Добро упатениот човек за случувањата во Борусија, и екс фудбалер на овој тим Патрик Бергер, најавува дека челниците на Дортмунд размислуваат дури и за враќање на Швајцарецот Лусиен Фавр на клупата.

На Фавр му беше даден отказ после одигрувањето на минатата сезона, и покрај тоа што имаше важечки договор, и на негово место донесен Терзиќ. Меѓутоа германскиот тренер со хрватски корени не ги оправда очекувањата, и од тука се размислува за негова смена. Фавре во меѓувреме повторно се врати во Ница, па така би било тешко да се очекува дека повторно ќе прифати да се врати во Дортмунд.

Исто така се споменува и „кам-бек“ на Томас Тухел, меѓутоа со оглед на тоа што имаше лоша разделба со „милионерите“ во минатото, како и зголемувањето на неговата цена, би било тешко да се очекува екс тренерот на Челси и на ПСЖ да се врати во Дортмунд.

Има уште неколку варијанти, како што е Доменико Тедеско, Јоаким Лев, Ади Хитер, како и актуелниот тренер на Мајнц, Бо Свенсон.

Се вчитува...