Борусија Дортмунд се подготвува за заминување на Халанд

Првата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд без сомнение е еден од најбараните фудбалери во светот и многу големи клубови сакаат да го ангажираат.

Интересот за потписот на Норвежанецот летово ќе биде огромен, бидејќи ќе се активира откупната клаузула од 75 милиони евра. Германскиот тим се обидува да направи притисок и Халанд да потпише нов договор, но фудбалерот засега одбива.

Поради тоа клубот веќе се подготвува за заминување на голгетерот и е во напредни преговори за негов наследник, кој доаѓа од поранешниот клуб на Халанд, Салцбург.

Се работи за младиот голгетер Карим Адејеми. Борусија веќе неколку месеци работи на овој трансфер, а според популарниот новинар Фабрицио Романо, Адејеми е подготвен да се пресели во Германија и само неколку детали го делат од комплетирање на зделката.

Адејеми има 20 години и потекнува од младинската академија на Баерн Минхен. Оваа сезона постигна три гола во Лигата на шампиони во групната фаза, а во австриската Бундеслига има 14 голови на 18 натпревари. Веќе има и три настапи за сениорската репрезентација на Германија и еден постигнат гол.

Се вчитува...