Борусија Дортмунд се засили со 16-годишно „чудо од дете“ од Белгија

16-годишниот Жулиен Дуранвил, е нов играч на Борусија Дортмунд. Продолжува „трендот“ на „милионерите“ да ангажираат млади фудбалери, а потоа да ги надоградуваат и да ги продаваат по стотици милиони евра на големите клубови.

Дуранвил доаѓа од тимот на Андерлехт. Игра на крилните позиции, и прогласен е за еден од најдобрите играчи во својата категорија во Белгија. Борусија на Андерлехт ќе му плати околу 8 милиони евра за услугите на овој играч.

Дуранвил ги мина сите младински категории на Андерлехт, а сезонава во сениорската екипа одигра 14 меча на кои постигна 2 гола.

Се вчитува...