Борусија побара итен состанок со Халанд

Борусија Дортмунд тешко дека ќе го задржи Ерлинг Халанд и после оваа сезона, па затоа бара итен состанок со него и неговиот менаџер за да се разреши ситуацијата околу неговата иднина. Европските великани чекаат на неговата одлука, особено Барселона и Реал Мадрид. Еден од овие два клуба ќе биде најверојатно следната дестинација за Норвежанецот.

Челниците на „милионерите“ побарале состанок со Халанд, неговиот агент Рајола како и неговиот татко, за да ги дознаат идните планови на голгетерот.

Моменталниот договор на Халанд со „милионерите“ е до 2024 година, но неговата отштетна клаузула е 75 милиони евра ова лето.

На крајот треба да замине, а Борусија ќе ја соопшти одлуката до крајот на идната недела.

Се вчитува...