Борусија веќе се подготвува за „ера“ без Халанд: Тргнува по Тимо Вернер

Борусија Дортмунд е сериозно зантересирана за услугите на фудбалерот на Челси, Тимо Вернер откако германскиот интернационалец повеќе време минува на клупата откако дојде Ромело Лукаку. Германецот исто така најави дека ќе го напушти тимот во потрага по поголема минутажа.

Вернер дојде во Челси на почетокот на минатата сезона, и веднаш во првиот „мандат“ со тимот ја освои Лигата на шампионите. Меѓутоа напаѓачот имаше многу промашувања, па од тука „сините“ го донесоа Ромело Лукаку, а Вернер повеќе игра како крило, но тешко се снаоѓа на таа позиција.

Вернер во Борусија би бил замена за Ерлинг Халанд кој е блиску до заминување на крајот од сезоната. Норвежанецот е посакуван од многу големи клубови, и тешко дека „милионерите“ ќе одолеат на понудите на европските гиганти. Реал, Барселона, Сити се само дел од екипите кои се интересираат за Халанд.

Се вчитува...