Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина се соочува со големи проблеми пред настапот на Европското првенство во ракомет кое на програмата е од 9 до 26 јануари следната година. Имено, федерацијата нема доволно пари за да може да ги испрати ракометарите во Норвешка, каде Босна и Херцеговина треба да игра против домаќинот, Франција и Португалија.
„Се наоѓаме во навистина тешка ситуација. Сите пари кои што ги имавме ги потрошивме за подготовки. Подготовки ќе има, но што потоа. Зависиме од Федералниот ракометен сојуз и од нивниот претседател, Дарио Пушиќ. Тој мора да потпише неколку апликации, како ние би можеле да добиеме пари од Министерството за спорт и култура. Немаме пари ниту за дневници на ракометарите. Не знам како ќе реагираат тие. Немаме пари ниту за патните трошоци. Тие што велат дека не поддржуваат мислат дека повторно самите како и досега ќе успееме да се извадиме. Јас веќе не гледам како е тоа возможно“, изјави за босанските медиуми потпретседателот на Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина, Асим Шахман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА