Бостон ги расипува плановите на Мајами – Сега Селтикс поблиску до Антетокумпо

Со месеци се зборува за евентуалното заминување на Јанис Антетокумпо од Милвоки Бакс, а како што се приближува летото и почетокот на преодниот рок, се повеќе сигнали се појавуваат дека грчката суперѕвезда ќе ја промени средината.

Долго време, Мајами Хит се сметаше за главен фаворит да го доведе, но во меѓувреме, Бостон Селтикс сериозно се вклучија во приказната.

Иако претходно Селтикс се споменуваа само онака шпекулативно, најновите информации од американскиот новинар Џејк Фишер велат дека Бостон би можел сериозно да ги наруши плановите на Мајами и да се приклучи во борбата за двократниот МВП на НБА.

Според неговите сознанија, постојат сериозни индиции во НБА круговите дека Селтикс би можеле да станат легитимен кандидат за една од најголемите размени во последните години.

Дополнителен интересен момент е фактот дека Антетокумпо и првата ѕвезда на Бостон, Џејсон Тејтум, работат со истиот тренер за индивидуален развој, Дру Хенлен, што дополнително ги разгоре разговорите за потенцијалното доаѓање на Гркот во Масачусетс.

Антетокумпо имаше уште една доминантна сезона. Еден од најдобрите играчи денес имаше просек од 27,6 поени, 9,8 скока и 5,4 асистенции по натпревар, потврдувајќи дека дури и на 31 година е меѓу највлијателните кошаркари во НБА.

Се вчитува...