Божилов и Павловиќ победници на 4. Стопанска Триоги триатлонот во Скопје (ФОТО)

Најдоброто од триатлнската заедница од регионот беше дел од 4. Стопанска Триоги триатлон кој се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината. Вистински хепенинг кој постави нови стандарди за овој спорт во Македонија.

Апсолутни победници на трката беа Александар Божилов од триатлонскиот клуб „Космос“ од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од Клубот на екстремни спортови „Крагуевац“ од Србија. Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца од клубот „Максимир“ од Загреб, а трето – Борис Андреев од „Тритим“ од Софија. Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, а трета – Анастасија Пејчева од Tri Team од Софија, Бугарија.

Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, директор на Стопанска лизинг и Дарко Костовски, директор на продажба.

РЕЗУЛТАТИ:

Сениори
Мажи

1.Борис Андреев, Тритеам Софија, Бугарија
2.Албион Имери, Косово Триатлон Федерација, Косово
3.Матко Сариќ, ТК Максимир, Загреб, Хрватска

Жени
1.Лана Гавриловиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
2.Анастасија Пејчева, Tri Team, Софија
3.Магдалена Станковска, Триоги рејсинг Скопје

Јуниори

Мажи
1.Александар Божилов, Космос, Софија, Бугарија
2.Филип Виленица ТК Максимир Загреб
3.Андро Шертиќ, ТК Максимир Загреб

Жени
1.Ива Павловиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагуевац, Србија
2.Роза Шпорчиќ, ТК Максимир, Хрватска
3.Мила Тркулја, ТК Максимир, Хрватска

Кадети

Мажи
1.Матеј Магдиќ, ТК Максимир Загреб
2.Валентин Илиев, Три плеј, Бугарија
3.Кристијан Колев, ТК Палашев Пазарџик

Жени
1.Маша Марковиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагујевац, Србија
2.Дуња Тодиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
3.Бистра Груевска, ТК Триоги Рејсинг, Скопје, Македонија

Се вчитува...