Божиновски на 63. место, Кристоферсон нов светски шампион во велеслалом

Македонскиот скијач Лука Божиновски заврши на 63. место во конкуренција на 98 скијачи во велеслаломот на Светското првенство во Оре, Шведска.

Божиновски првата трка ја мина со време од 1:22.35 минути, доволни за 63-та позиција, притоа не обезбедувајќи место меѓу 30 најдобри кои стартуваа во втората трка.

А, нов светски шампион во велеслалом е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен. 24-годишниот скијач беше трет по првото возење зад Алексис Пинтуро и Австриецот Марсел Хиршер, но извонредно возеше во втората трка па на крајот стигна прв на целта со предност од 20 стотинки пред големиот австриски ривал. Пинтуро го освои бронзениот медал.

Се вчитува...