Брајтон ја изненади Астон Вила (ВИДЕО)

Брајтон и Хов Албион успеа да приреди изненадување, совладувајќи ја на гостински терен Астон Вила со 1-2. Гостите поведоа преку Дани Велбек во 12. минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел домаќините во 47. минута преку Конса израмнија на 1-1, но само девет минути подоцна Марч донесе ново водство за Брајтон, кое на крајот се покажа како доволно за втор триумф сезонава. До крајот на мечот Мартин Оливер свиреше пенал за Астон Вила, но по прегледување со ВАР одлучи да го поништи.

Астон Вила и покрај поразот останува шеста со 15 бода, додека Брајтон во моменотв е 16 со девет бода, односно шест повеќе од тимовите кои се во опасната зона.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...