Брајтон плаќа 55 милиони евра за новиот хрватски „бисер“

Брајтон излезе како победник од трката по Лука Вушковиќ, откако неколку клубови од Англија и од Германија покажаа сериозен интерес за хрватскиот суперталент, кој на крајот сепак ќе се испроба во Премиер-лигата.

Тотенхем го доведе Вушковиќ како нов хрватски фудбалски бисер од Хајдук, но дефанзивецот беше испратен на позајмица во Хамбургер, каде беше импресивен и го привлече вниманието на бројни тимови. Тој се врати назад во Тотенхем, но Де Зерби стави до знаење дека не смета на неговите услуги, по што „спарси“ почнаа преговори со заинтересираните клубови.

Најупорни беа челниците на Брајтон, кој се согласија да платат загарантирани 55 милиони евра за Вушковиќ, плус дополнителни пет милиони доколку се активираат неколку клаузули.

Хрватот доаѓа во Брајтон на местото на Ван Хеке, кој минатиот месец беше продаден токму во Тотенхем.

Се вчитува...