Браќата Недеви со злато и сребро од „Прага опен 2019“

Македонските каратисти Дејан и Аљоша Недев се закитија со златен и сребрен медал на меѓународниот карате турнир „Прага опен 2019“ во Чешка.

На турнирот на кој учествуваа 12 земји со повеќе од 300 натпреварувачи од Европа браќата Недеви се сретнаа во финале во кати поединечно. Дејан го освои првото а Аљоша второто место во сениорска конкуренција.

Турнирот во Прага е еден од најстарите во традиционално карате во Европа, со огромна традиција на рамниште и на европски шампионат.

Се вчитува...