Аусар и Амен Томпсон испишаа историја во НБА лигата бидејќи стана првите браќа кои потпишаа договори вредни најмалку 100 милиони долари.
Двата договори кои летово ги потпишаа браќата Томпсон се вредни 363 милиони долари.
Прво, Амен Томпсон на почетокот од месецов потпиша петгодишен договор со Хјустон рокетс вреден 208 милиони долари, а сега и неговиот брат близнак, Аусар, договори нова петгодишна соработка со Детроит пистонс вредна 155 милиони долари.
Брќаата Томпсон во НБА лигата влегоа во 2023 година, Амен беше избран како четврти избор на драфтот од Хјустон, додека Аусар беше веднаш зад него, петти избор и тоа на Детроит.
Минатата сезона, Аусар Томпсон беше избран во најдобрата дефанзивна петорка во НБА лигата, откако просечно постигнуваше по 9.9 поени и 5.7 скокови и беше најдобар во украдени топки во целата лига со две по натпревар.
Just in: Detroit Pistons All-Defensive forward Ausar Thompson has reached agreement on a five-year, $155 million rookie-scale contract extension, sources tell ESPN. pic.twitter.com/DZEgX4GpLS
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 18, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
