Утрово, Њујорк Никс ги исполнија соништата на генерации и генерации фанови на оваа НБА франшиза, и со победа во Сан Антонио со 94:90 ја освоија титулата шампион, на која се чекаше уште од 1973 година.
Апсолутен херој на големото финале е Џејлен Брансон, Никси ја добија серијата со 4:1, а утрово овој одличен кошаркар постигна 45 поени за Спарс и ја заврши приказната.
„ Ова е награда за работа и многу посветеност, по многу подеми и падови. Имаме група момци кои веруваа едни во други од првиот ден. Без оглед на сè што се случи во текот на сезоната, ние продолживме да веруваме. Ова е неверојатно чувство “, рече Брансон.
Тој ја доби наградата за најкорисен играч (MVP), а потоа му се заблагодари на својот татко Рик, поранешен кошаркар, сега член на тренерскиот штаб на „Никс“.
„Неговата поддршка ми значи сè. Тој беше со мене во секој чекор од мојот живот и кариера. Сè низ што поминав како играч, сè што научив, голем дел му го должам нему. Споделувањето на овој момент со него е нешто што никогаш нема да го заборавам “, рече Брансон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
