Братот на Рајан Гигс за најновите скандали: „Тој е сексуален манијак… Ми ја украде и жената, тој е човек – нула“

Имаше играчка кариера повеќе од блескава, но онаа надвор од фудбалските терени преполна со скандали и семејни проблеми. Рајан Гигс пред само неколку денови заврши во притвор поради напад на девојката Кејт Гревил.

Британските медиуми пренесоа дека 46-годишниот Гигс ја нападнал девојката која му замерила дека го изневерува со две девојки во исто време. По една ноќ во затвор, Гигс е ослободен, но нема да може да ја води репрезентацијата на Велс на трите натпревари овој месец.

Братот на Рајан, Родри открива дека скандалите на славниот фудбалер не се никакво изненадување…

„Сите имам слабости, но Рајан е навистина специфичен. Тој е сексуален манијак. Ете, дури осум години одржувал тајна врска и со мојата сопруга. Но, не го презирам, туку го жалам. Имаше фантастична кариера која самиот си ја оцрне. А, јас? Јас секогаш бев верен на мојата сопруга и покрај бројни можности кои сум ги имал“ – вели Родри.

Сопругата на Родри за време на бракот останала и бремена од Рајан, но тајно го абортирала детето. Кога се открија првите скандали на Гигс, сите во фудбалска Англија и на Островот беа шокирани затоа што владееше мислењето дека Рајан е „бајче“. Во очите на јавноста семеен човек. Но, никогаш не бил такво нешто.

Аферата тогаш внесе раскол во семејството Гигс. Таткото на Рајан, Дени Вилсон, кој е легендарен рагби играч на Островот, погоден од ситуацијата се одрекол јавно од својот син Рајан.

„Знаете, Рајан е многу егоцентричен тип. Тој секогаш само себе си се става на прво место. За никој друг не му е важно. Секогаш кога ќе се појави и на телевизија го менувам каналот. Тој е лажго и измамник. Се нечесно што може еден човек“ – истакна пред неколку години таткото на Рајан Гигс.

Но, тоа не беше единствената афера на Гигс. Сопругата ја лажел и со старлетата Имоген Томас, која исто така откри се во јавноста.

„Рајан беше добар фудбалер, но човек – нула“ – вели Родри, кој никогаш не доби извинување од својот брат, ниту пак некогаш искажал жалење за своите постапки.

Неколку години по аферата, и сопругата на Рајан се одлучи да покрене бракоразводна постапка. И успеа да го „олесни“ за дури 40 милиони фунти.

Се вчитува...