Кошаркарската селекција на Македонија до 16 години, ја оствари и втората победа во Европското првенство (ЕП) Б-дивизија. Совладана е селекцијата на Шведска дури по продолженија со 75-74 (во регуларниот дел беше 67-67).
Мечот беше неизвесен во поголемиот дел се играше поен за поен, и никој не успеа да направи поголема разлика. Во еден момент Македонија имаше негатива, но се врати и избори продолженија.
Во дополнителните пет минути, првата разлика се создаде со тројката на Нешовиќ. Тогаш на минута до крајот Шведска успеа да израмни 74-74, а имаше уште 22 секунди до крајот. Македонија доби две слободни фрлања, кои Ѓорѓиевиќ реализираше едно. Шведска имаше напад за победа, меѓутоа не успеа да реализира, па така победата ја однесе Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА