Бразил доби претставник во скијање: Норвежанец ја смени националноста

Скијачот Лукас Братен, се повлече од скијачките натпреварувања на почетокот на оваа сезона поради караница со норвешкиот сојуз, околу маркентишнките права. Идната сезона ќе се врати во светскиот куп, но како репрезентативец на Бразил.

23-годишниот Братен објави дека после едногодишна пауза, ќе се врати на натпреварите, но под знамето на Бразил, земја од која потекнува неговта мајка. Братен непосредно пред првата трка во Светскиот куп во Соелден, Австрија, ја шокираше јавноста со објава дека ја прекинува кариерата поради караница со скијачкиот сојуз.

Во четвртокот на прес-конференција соопшти дека ќе се врати на скијањето.

„Среќен сум што ќе го претставувам Бразил во Светскиот куп и на олимписките игри“, рече Братен.

Братен не првиот скијач кој се реши да ја промени националноста. Претходно тоа го стори легендарниот Австриец, Марко Џирардели кој скијаше за Луксембург.

Се вчитува...