Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат Роберто пред два месеци беа уапсени во Парагвај каде се обидоа да влезат со лажни пасоши. Уште на аеродром беше утврдено дека поседуваат лажни пасоши, но од полицијата беа пуштени да стигнат до хотелот каде беа уапсени.
Роналдињо и неговиот брат минаа повеќе од еден месец во затвор, а потоа со кауција во висина од 1,3 милиони евра беа ослободени да бидат во куќен притвор до судењето.
Роналдињо по излегувањето од затвор изјави дека не знаел дека пасошите се лажни, а во Парагвај пристигнал да ја промовира новата книга „Генијот на животот“.
Но, бразилските медиуми денеска објавија дека не ја зборува вистината. Бразилскиот „Журнал“ денеска објави дека Роналдињо во Парагвај заминам да биде дел од коцкарски турнир. Познато е дека Роналдињо и претходно во својот дом организирал илегални коцкарски турнири, а на слични такви сакал да присуствува и во Парагвај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА