Бразилците супериорни против Јапонија

Бразил славеше рутинска победа од 3-1 на пријателскиот натпревар што „кариоките“ попладнево го одиграа во Лил против селекцијата на Јапонија.

Сите дилеми беа разрешени уште во првото полувреме, во кое Бразилците стигнаа до убедливи 3-0 со головите на Нејмар, Марсело и на Габриел Жесус. Јапонија во второто полувреме успеа само да го ублажи поразот преку Макино во 62. минута.

Се вчитува...