Брегалница до нова победа на свој терен: Башкими лесно „падна“ во Штип

Брегалница стигна до нова победа пред своите навивачи, и рутински ја совлада екипата на Башкими која и натму останува со салдо „нула“ и на бодовното и на голгетерското конто. Штипјани стигнаа до вториот триумф сезонава, откако на истиот стадион го совладаа и тимот на Арсими со 4-0.

Штипјани уште од почетокот ја презедоа иницијативата, а водството го донесе Иван Глигоров во 23. минута, по одличната акција на Стојанов.

Во вториот дел Брегалница продолжи со офанзивна игра, па Калпачки во 56. минута по асистенција на Максимов зголеми на 2-0 и практично го насочи натпреварот кон победа на домаќинот.

Конечните 3-0 ги постави повторно Глигоров во 73. минута, овојпат со удар со глава по нафрлањето од корнер.

Со овој триумф Брегалница стигна до втората победа во сезоната, додека Башкими остана без бодови по четири одиграни кола.

Се вчитува...