Брегалница добива нов сопственик

Македонскиот фудбалски клуб Брегалница се наоѓа пред двоен голем чекор, официјално враќање во Првата лига и комплетна промена на сопственичката структура со влез на странски капитал.

Ова денеска го потврди градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на официјалната прес-конференција организирана во просториите на клубот во пресрет на последното, клучно коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

„Веќе интензивно комуницираме со заинтересираниот спонзор, кој веќе ги има посетено Брегалница и Штип. Тој е информиран за сè во клубот. Разговараме во насока во носење одлука на следната седница на советот на општина Штип за продажба на 51% од акциите на клубот. Јас верувам дека ова ќе се случи и дека ќе имаме еден вистински партнер кој ќе го трасира патот на Брегалница успеси во иднина. Но, прво да ја завршиме задачата оваа сезона и да го обезбедиме пласманот во ПМФЛ“, рече Јорданов.

Се вчитува...