Брегалница налета на „гипс“, за „спуштање“ по еуфоријата од Анталија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Брегалница беше подобар противник на терен од Ренова, доминираше во желбата за триумф на првиот пролетен натпревар под водство на новиот шеф на стручен штаб Илчо Ѓорѓиоски, но на крај загуби од „гипсарите“ кои мудро дојдоа до трите бода со дефанзивна тактика а искористувајќи ги грешките на домашниот голман Давид Денковски.

Штипските „сини“ налетаа на „гипс“ веројатно како добро отрезнување по еуфоријата од одличните игри и резултати од подготовките во Анталија.

Избраниците на Ќатип Османи, пак, на крај кога се ќе се сумира заслужено дојдоа до трите бода издвојувајќи се досега како единствена екипа која успеала да извојува две победи против Брегалница со вкупна гол разлика од 7-3 од двата меча.

 

Се вчитува...