Брегалница со водство на полувреме против Башкими

Фудбалерите на Брегалница имаат минимална предност од 1-0 на домашен терен против Башкими во вториот натпревар од денешната програма од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините беа подобар противник во првите 45 минути, иако Башкими го одигра можеби најдоброто прво полувреме во новата сезона. Сепак, штипјани стигнаа до водство на полувреме откако во 23. минута прецизно стрелаше Иван Глигоров.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...