Брендан Роџерс се врати назад во Селтик

Селтик експресно најде нов менаџер по заминувањето на Постекоглу во Тотенхем, па денеска и официјално потпиша тригодишен договор со Брендан Роџерс. Екс-тренерот на Ливерпул и Лестер се враќа назад во клубот со кој во првиот мандат освои седум трофеи, но потоа ги разочара навивачите кога во текот на сезоната 2018/19 си замина од Селтик и потпиша договор со Лестер.

Ирскиот стручњак издржа неколку години во овој клуб, но изминатата сезона доби отказ по серијата слаби игри и резултати, по што „лисиците“ на крајот и испаднаа од Премиер-лигата. Од друга страна, Селтик под водство на Постекоглу доминираше на шкотската фудбалска сцена, па од Роџерс ќе се очекува веднаш да продолжи со жетвата на трофеи.

„Пресреќен сум што се враќам во Селтик, добив можност да се вратам во овој голем клуб, по што не размислувавме многу, ниту јас ниту членовите на моето семејство. Уживавме заеднички во прекрасни моменти во првата авантура, заедничка цел е тие моменти да ги повториме, да славиме заедно со нашите верни навивачи“, изјави Роџерс по потписот на договорот со Селтик.

Се вчитува...