Брестовац: Овие порази треба да ни бидат школа…

Данило Брестовац е свесен за слабите изданија на нашата репрезентација на почетокот од СП 2021, но македонскиот селектор ги повика соите ракометари да извлечат поуки од овие неуспеси и бледи партии.

Подмладената Македонија се уште има шанси за пласман во втората фаза, но ќе биде неопходно да се прикаже многу подобро издание на утрешниот дуел со Чиле.

„Јас бев свесен дека Египет е моќен ривал, комплетна репрезентација што атакува на медал. Тие ни покажаа како се игра модерен ракомет, нешто во што ние заостануваме. Овие порази треба да ни бидат школа, заостануваме зад овој противник не само на физички план, туку и во многу други елементи на ракометната игра. Ова треба да ни биде показател каде треба да работиме, каде треба да работат играчите индивидуални во своите клубови. Секој што сака да стане светски играч, мора да почувствува колкава беше нашата немоќ. Не очекував ваков пораз. Бевме исфрлени од ритам малку и поради црвениот картон на Кузмановски, кој можеби беше покажан престрого. Поразите од Египет и Шведска беа како едно невреме од кое сакаме очајно да излеземе, а тоа мислам дека ќе биде дуелот со Чиле“ , истакна Брестовац.

Дуелот меѓу Македонија и Чиле на програмата е утре со почеток во 15.30 часот.

Се вчитува...