Брестовац: Повторно имавме „црна дупка“ од 10 минути

Младиот состав на Металург доживеа уште еден убедлив пораз (33-25) во Лигата на шампионите. На гостувањето против Бјерингбро младите „металурзи“ одиграа добро во најголем дел од првото полувреме, но потоа повторно имаа слабо издание во вториот дел.

Тренерот Данило Брестовац се обидува да пронајде решение за „црната дупка“ во текот на мечот.

„Ме боли кога ќе видам дека повторно имавме „црна дупка“, првите десетина минути од второто полувреме. Тогаш противникот создаде комфорна предност. Ние ги правиме истите грешки на секој натпревар, а кога ќе му подарите неколку лесни голови на противникот, тогаш тие можат да играат многу послободно“, изјави Брестовац по најновиот пораз на Металург во Данска.

Се вчитува...