Брињоне триумфираше на велеслаломот во Килингтон

Италијанката Федерика Брињоне е победничка на втората велеслаломска трка од алпскиот светски скијачки куп. Благодарение на одличното второ возење во американскиот центар Килингтон таа дојде до деветтиот триумф во кариерата.

Водечката по првата трка, Норвежанката Рагнхилд Мовинкел заврши на втората позиција со 49 стотинки послабо време од победничката. Австриката Стефани Брунер која го забележа првиот подиум во кариерата имаше резултат за третото место.

Утре скијачките во Килингтон ќе возат слалом.

Се вчитува...