Бруно играше за Оле – Јунајтед го совлада Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед ја надмина лошата серија и успеа да триумфира со 1-3 на гостувањето кај Евертон. Бруно Фернандеш со два гола и една аситенција беше човекот кој по се изгледа го спаси работното место на Оле Гунар Солскјер.

Не почна се најдобро за Јунајтед бидејќи домаќините поведоа со голот на Бернард во 19. минута, но сепак со головите на Бруно Фернандеш во 25. и 32. минута тимот од „Олд Трафорд“ успеа да стигне до пресврт до крајот на полувремето. На крајот со својот гол првенец Единсон Кавани во 94. минута ги постави конечните 1-3.

Јунајтед со победата се искачи на 13. позиција на табелата со 10 бода, додека Евертон останува петти со 13 бода.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...