Бруталниот Вестбрук не знае за доста… (видео)

Кошаркарите на Оклахома славеа против Далас со 127-120 во уште едно доминантно издание на Расел Вестбрук, кој овој пат не реализираше „трипл-дабл“ но мечот го заврши со 45 поени (16-29), 8 скока и три асистенции.

Оклахома сега има сосема солидни 28-19, а Вестбрук во триумфот го следеа Оладипо со 17 поени и Адамс со 15 поени. На спротивната страна најдобри беа Барнс со 31 поен и Андерсон со 17 поени.

Минесота загуби од Индијана со 109-103. Пол Џорџ имаше 32 поени и пет асистенции, Тарнер дополни со 23 поени, а Тиг со 20 поени за победникот. Кај Минесота, Таунс заврши со 33 поени и 10 скока.

Се вчитува...