БРУТАЛНО…. Жесток старт на Ансалди врз Несторовски! (видео)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски се најде под брутален старт на левокрилниот дефанзивец на Интер, Кристијан Ансалди на дуелот кој Палермо во моментов го игра со „нераѕурите“ во италијанскиот шампионат.

Во 79. минута од средбата, Аргентинецот жестоко стартуваше врз Несторовски за кого во прв момент се мислеше дека доби и тешка повреда. Но, за среќа македонскиот офанзивец го продолжи дуелот, а Ансалди заработи втор жолт картон и исклучување.

Cristian Ansaldi Red Card HD – Palermo 0-1… by HoFoot

Се вчитува...