Будуќност победник на интернационалниот турнир во Охрид, Александар Сотир од Работнички е најдобар стрелец (ФОТО)

Охрид стартуваше уште една своја нова спортска традиција со организација на еден од најголемите интернационални турнири за млади кошаркари во земјава.

На турнирот кој изминативе денови се одржа во нашиот најголем туристички центар учествуваа осум екипи, три домашни и пет од странство, со повеќе од квалитетни натпревари и демонстриран потенцијал од домашните колективи кој ветува светла иднина за мак-кошарката.

 

На крајот, победник на турнирот е екипата на КК Будуќност од Црна Гора, кој беше непоразен тим на турнирот, на второто место заврши екипата на КК Раднички од Белград, додека трето место го освои екипата на КК Работнички од Скопје.

 

Марко Поповиќ од Будуќност беше прогласен за МВП на турнирот, а за најдобар стрелец беше прогласен младинскиот репрезентативец на Македонија и еден од најдобри млади македонски кошаркари, Александар Сотир од тимот на КК Работнички Скопје.

Се вчитува...