Будуќност поуспешна од Крим во ВРХЛ

Будуќност го победи Крим со 27-24, во вториот натпревар од четвртиот турнир во регионалната ВРХЛ лига што се одржува во Скопје. Со оваа победа црногорскиот првак се изедначи со бројот на бодови со Крим и останува во борба за второто место.

Вардарки со вчерашната победа против Крим (32-31) веќе ја обезбедија првата позиција и одбраната на титулата во регионалното натпреварување. Во последниот натпревар од четвртиот турнир, утре (15 ч.) Вардар ќе игра против Будуќност.

До крајот на лигата ќе се одигра уште еден турнир наредниот месец.

Се вчитува...