Буфон на чекор до нов рекорд во италијанскиот фудбал

Џанлуиџи Буфон е на чекор до израмнување на рекордот на Роберто Манчини во националниот куп на Италија. Легендарниот фудбалер е рекордер со шест титули во Копа Италија, а голманот на Јувентус има шанси да се изедначи со него вечерва кога неговиот тим го игра финалето против Наполи на нашиот Елиф Елмас. Буфон претходните пет куп трофеи ги освојуваше со Јувентус со кој има и девет Скудета и шест Суперкупа на Италија.

Манчини своите шест трофеи како фудбалер ги освојуваше со Сампдорија четири пати и Лацио два пати, а последен пат пехарот во купот на Италија го подигна во 2000 година. Тој убавата низа на освојување на трофеи во ова натпреварување ја продолжи и како тренер на Фиорентина, Лацио и Интер.

Фудбалери кои исто така како Буфон имаат по пет трофеи се и нашиот капитен Горан Пандев, Дејан Станковиќ, Франческо Толдо, Горан Пандев, Ромео Бенети, Бруно Конти, Стефан Лихштајнер, Џузепе Фавали и Фаусто Салсано.

Се вчитува...