Буфон против Пандев – за нов рекорд во италијанскиот фудбал

Џанлуиџи Буфон е најавен во првиот тим на Јувентус на утрешниот дуел против Џенова на Горан Пандев, натпревар што ќе остане запишан дека на него е урнат рекордот за најмногу настапи во „Серија А“.

Буфон долго време го бркаше рекордот на Паоло Малдини од 648 средби во елитното италијанско фудбалско друштво, неодамна успеа да го израмни овој рекорд, но оттогаш Сари му даваше предност на Шчешни на голот на „старата дама“. Сепак, одлуката е донесена – против Џенова ќе брани Буфон, за искусниот голман да стане апсолутен рекордер по бројот на настапи во италијанскиот фудбал.

Рекордот на Буфон ќе биде мотив повеќе и за Пандев, кој низ кариерата постигнал неколку прекрасни погодоци против овој чувар на мрежата. Пандев го совладуваше Буфон како член на Лацио и на Наполи, па сега истото ќе се обиде да го стори и како член на Џенова. За потсетување, Македонецот ланската сезона ја предводеше Џенова до голема победа над „старата дама“, но на тој натпревар мрежата на Јуве ја чуваше Перин, кој сега е голман на Џенова.

Се вчитува...