Бугарија се извлече: Македонија подобра, но на крај до реми во Разград (ВИДЕО)

ЕКИПА во Разград

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација одигра без победник (1-1) на гостувањето против Бугарија на стартот од новата сезона во Лигата на нации, во натпревар на „Хуфеварма арена“ во Разград во кој избраниците на Благоја Милевски доминираа во текот на целиот натпревар со далеку повеќе можности и за триумф. Бугарите се бранеа во текот на сите 90 минути, од една своја акција на целиот меч дојдоа до погодок, и на крајот успеаја да одбранат реми.

Македонија отворено го почн мечот со јасна назнака дека ќе атакува на победа. Првата вистинска можност на дуелот за Чурлинов уште во 6. минута. Елмас одлично го проигра по десната страна, продре на 16 метри пред голот на Бугарија, убаво шутираше но блокиран неговиот удар во корнер.

Но, веќе во 13. минута одлична акција на домашните. Двојно проигрување меѓу Десподов и Илиев, крилниот офанзивец Десподов продре пред голот на Димитриевски и со лоб го совлада за 1-0.

Во 21. минута 100% шанса за капитенот Енис Барди. Одлично продре на само 7-8 метри пред голот на Бугарите, испрати „бомба“ но домашниот голман со глава одбрани спречувајќи израмнување. Во 26. минута и Ашковски се обиде со шут од далечина, но повторно одбрани Михаилов.

До крајот на првото полувреме, обид на Спировски од далечина и убава можност на Елмас во 41. минута на вториот дирек по корнерот на Барди, но не успеа најдобро да ја зафати топката од неколку метри.

Второто полувреме повторно почна со македонски атак кон голот на Михајлов. Во 48. минута Милан Ристовски шутираше од 20 метри, но домашниот голман на место.

Но, голот за израмнување следи во 50. минута. По извонредната акција на Спировски, Алиоски и Елмас и одбиената топка пред голот на домашните која дојде до Милан Ристовски, македонскиот напаѓач од десеттина метри без поголеми проблеми погоди во за израмнување на 1-1 на „Хувефарма арена“…

Во продолжение во ред акции на македонската селекција наспроти Бугарите кои се фокусирани само на одбрана, па во 59. минута одличен обид на еден од најдобрите поединци во нашиот состав Џани Алиоски кој шутира од 16 метри, но Михајлов со крајни напори брани под самата греда. Период на и

Македонија до крајот се обидуваше да дојде до голот на Бугарите за конечна победа на средбата, но не успеа да го најде патот до мрежата на Михајлов.

На крајот и вистинска драма во 94. минута откако главниот судија Французинот Пињар досуди пенал за Бугарија по наводно играње со рака на Муслиу. Но, по реакција на ВАР очигледно беше дека Муслиу игра со прилепена рака на своето тело и судијата ја поништи одлуката за пенал за конечни 1-1.

ЛИГА НА НАЦИИ (Ц ЛИГА – Група 4)
БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-1 (1-0)
Хувефарма арена во Разград. Гледачи: 8.000. Главен судија: Жером Пињар (Франција). Стрелци: Десподов 13′ (Б) – М. Ристовски 50′ (М). Ж. картони: Миланов (Б) – Елмас (М).
БУГАРИЈА: Михајлов, Недјалков, А. Христов, Турицов, П. Христов, Крастев, Чочев, Неделев, Десподов, Миланов, Илиев (Минчев 46′)
Селектор: Јасен Петров
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Алиоски, Велковски (Ристевски 88′), Муслиу, Ашковски, Спировски (Николов 72′), Барди, Елмас, Чурлинов (Дав. Бабунски 46′), Трајковски (Миовски 46′), М. Ристовски (Дор. Бабунски 72′)
Селектор: Боби Милевски

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО
Бугарија – МАКЕДОНИЈА 1-1
Грзуија – Гибралтар 4-0

Се вчитува...