Бугарите го објавија списокот за Македонија: Со еден дебитант и 10 интернационалци

Бугарскиот селектор Јасен Петров, повика 25 играчи за дуелите во Лигата на Нации, меѓу кои и против Македонија, дуел кој се игра на 2. јуни во Разград.

Петров се реши за еден дебитант во името на Андриан Крастов од Левски, додека има 10 интернационалци.

Најискусен од редовите на Бугарија е оглманот Николај Михајлов кој има 43 настапи. На списокот го нема Спас Делев од Лудогорец, како и Георги Миланов од Левски, едни од најикусните играчи на Бугарија.

Се вчитува...