Бугарите македонската фан-зона ја однесоа на 4 километри од Разград (ФОТО)

ЕКИПА во Разград
Владимир Булатовиќ

Денеска во 18 часот во Разград, Бугарија ја пречекува Македонија во првото коло во Лигата на Нации. Бугарите пред мечот се служат со ситни провокации, па така македонската фан-зона ја преселија 4 километри далеку од Разград, каде што ќе се игра на натпреварот.

Македонските фанови нема да можат да се собираат во близина на стадионот, но и тоа не е проблем кога се сака Македонија.

Се очекува околу 500-600 македонски фанови да бидат вечерва на стадионот „Хувефарма“ во Разград и да дадат поддршка на нашата селекција на патот кон победа.

Се вчитува...