Бугарите мотивирани пред Македонија: Сакаат на сите критичари да им докажат дека вредат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ја стартува новата сезона во Лигата на нации. Прв противник за „црвено-жолтите“ е репрезентацијата на Бугарија која ќе не пречека на домашен терен во Разград.

Домаќините на овој меч го одработеа официјалниот тренинг на „Хувефарма арената“. Тие се силно мотивирани затоа што поради лошите резултати имаат бројни критичари во својата земја на кои сакаат да им покажат дека фудбалски вредат.

Натпреаварот на „Хувефарма арената“ е закажан за утре во 18 часот.

Се вчитува...