Бугарски скијач преживеа пад во провалија од 270 метри, а сега е вистинска сензација

Бугарскиот скијач Алберт Попов сензационално дојде до деветото место во Кицбил. И можеби ништо нема тука специфично, ако се знае дека сега 20-годишниот Попов пред само три години преживеа страшна сообраќајна несреќа и пад во провалија од 270 метри.

Од глечерот Ретенбах до Солден води 12 километри пат. На едната страна се снежни врвови високи 2.455 метри а на другата опасни и стрмни провалии. Во декември 2015 година по еден тренинг во овој познат центар, контрола над возилото загуби Словенецот Драго Грубелник, тогаш селектор на бугарската репрезентација. Возилото паднало во провалија од 270 метри, Грубелник загинал, а со него тогаш 17-годишен голем талент Алберт Попов успеа да се спаси.

Да, збор е за скијачот кој сега на слаломот во Кицбил сензационално стигна до 9. место. Со стартен број 71 во првото возење дојде до петтото место, а на крајот заврши како деветти. Третпат е за него сезонава да освои бодови. Омилен е меѓу колегите токму поради страшната несреќа која ја преживеа пред три години, и по која така брзо се врати на скијањето.

Во болницата во Инскбрук тогаш минал околу две недели, по повредите од сообраќајната несреќа, но успеа да се врати. Цела 2016 година воопшто не скијал, опоравувајќи се од тешките повреди. А, притоа не ги лекуваше само телесните рани, но и сите психолошки трауми кои ги надминувал со бројни стручни лица.

И, иако млада покажа дека е и тоа како психолошски силен. Интересно, на скијањето во 2017 година се врати токму во Солден, местото на кое го загуби својот тренер и кое за малку и него ќе го чинеше живот. Тогаш го освои 69. место, но за него тогаш тоа беше голема победа. Стигна до целта, за да денеска е вистинска сензација во светот на скијањето!

Се вчитува...