Бундес-лига: Хофенхајм преку Волфсбург влезе во ТОП 4 (ВИДЕО)

Продолжува лошата сезона за Волфсбург во Бундес-лигата. „Волците“ денеска загубија на домашен терен од Хофенхајм, па така овозможувајќи му на „сино-белиот“ тим да се искачи на четвртото место на табелата во Германија.

Волфсбург одлично тргна, и по првиот дел преку новото засилување Винд имаше предност од 1-0. Но, за само четири минути Хофенхајм дојде до пресврт. Најпрво Брун-Ларсен во 74. минута израмни, а потоа Крамариќ во 78. минута успеа да донесе водство за гостите, кое беше задржано до крајот на мечот.

Фрајбург остана во игра во битката за Лигата на шампионите, откако го совлада Аугзбург со 1-2. Петерсен донесе водство за гостите во 4. минута, а Грегорич во 16-тата израмни. Шлотербек во 26. минута донесе ново водство за Фрајбург, и така остана до крајот.

Арминија со голот на Окугава го совлада Унион Берлин со 1-0. Бохум во судиското надополнување се спаси од пораз против Штутгарт. „Швабите“ водеа со 1-0 со автогол, а Ловен од пенал во 94. минута успеа да израмни.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...