Бундес-лига: Само бод за Баер Леверкузен, победи за Хофенхајм и за Лајпциг (ВИДЕО)

Првото коло во Бундес-лигата во новата 2022 година, донесе многу возбудувања и многу голови на петте натпревари одиграни попладнево. Баер Леверкузен на домашен терен одигра само 2-2 со Унион Берлин, иако гостите имаа шанса за победа, откако во 90. минута ја погодија и стативата и пропуштија победа. Патрик Шик донесе водство за Леверкузен, кое беше анулирано во 45. минута преку Тримел. Истиот играч го донесе Унион во водство, а потоа Тах во 84. минута донесе бод за „фармацевтите“.

Со истиот резултат заврши и дуелот Фрајбург – Арминија, со што Фрајбург прави голем чекор назад во битката за четвртото место на табелата. Фрајбург може да жали затоа што пропушти 2-0. Хаберер и Јеонг погодија за домашните, а Окугава и Лазме донесоа важен бод за гостите од Билефелд.

Единствен меч кој заврши без голови е Гројтер Фурт и Штутгарт. Хофенхајм на домашен терен го совлада Аугзбург со 3-1, а важна победа оствари Лајпциг над Мајнц. Андре Силва два гола, и еднаш Собослаи и Нкунку погодија за победата на Лајпциг, а Мајнц само ублажи преку Ли Сунг.

Вчера Борусија Менхенгладбах оствари победа над Баерн и тоа сред Минхен со 1-2.

БУНДЕСЛИГА 18. КОЛО

Б. Леверкузен – Унион Берлин 2-2
Фрајбург – Арминија 2-2
Гројтер Фурт – Штутгарт 0-0
Хофенхајм – Аугсбург 3-1
Лајцпиг – Мајнц 4-1

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

 

Се вчитува...