Бундеслига: Аугзбург го оддалечи Унион од ЛШ, Фрајбург немоќен во Келн (ВИДЕО)

Екипата на Аугзбург оствари голема победа во битката за опстанок против Унион Берлин, претендетот за излез во Лигата на шампионите следната сезона. Меѓутоа овој пораз, веројатно, ќе биде клучен доколку екипата на Унион на крај не успее да ја оствари таа цел.

Грегорич во 16. и Хан во 59. минута беа стрелци за Аугзбург, победа со која тимот обезбеди важни бодови за опстанок.

Келн на домашен терен го совлада Фрајбург минимално со 1-0. Модесте во 23. минута погоди за голема победа. Фрајбург во вториот дел имаше неколку шанси, постигна и гол кој беше поништен поради офсајд.

Борусија Менхенгладбах никако да влезе во победничка серија. Денеска „менш“ ремизираше 1-1 со Арминија Билефелд, правејќи уште еден чекор назад од излезот во Европа.

Ајнтрахт Франкфурт стигна до победа од 2-3 на гостувањето кај Штутгарт. Ндика донесе водство за Ајнтрахт, Ентон израмни на 1-1. Хрустиќ донесе водство, за Калајџиќ да израмни. Но, Хрустиќ донесе голем триумф на Ајнтрахт на 13. минути до крајот.

Мајнц оствари важен триумф над Хофенхајм во битката за Европа следната сезона. Ли и Ниакате стрелаа во мрежата на Бауман за триумф од 2-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...